Насловна / Вести / На банките во евро зоната им се заканува загуба од 70 милијарди евра поради климатските промени

На банките во евро зоната им се заканува загуба од 70 милијарди евра поради климатските промени

Првиот голем климатски стрес тест на Европската централна банка, покажува дека банките во евро зоната се соочуваат со удар од 70 милијарди евра поради зачестените појави на природни катастрофи и големи промени ширум различните индустрии. Оваа бројка ги опфаќа кредитните и пазарните загуби според најлошото сценарио, кое вклучува суши, големи жештини и поплави.

ecb1

Во извештајот се предупредува дека овој резултат„значајно ги потценува“ реалните ризици поврзани со глобалното затоплување, делумно затоа што климатските шокови не се проследени со општ економски пад и бидејќи се ограничени на специфични портфолија. Европската централна банка исто така открива дека 60% од банките сеуште немаат финансиска рамка за климатските ризици.

ecb2

Вкупно 104 банки учествувале во климатскиот стрес тест кој бил прилика за учење и за банките и за регулаторите. Сепак, резултатите од тестот се далеку поблаги отколку што банките очекувале, па финансиската индустрија веќе ги користи за лобирање против настојувањата на некои од официјалните лица на Европската централна банка, кои бараат од кредиторите да одвојат повеќе средства за покривање на климатските ризици.

 

Испрати коментар

Scroll To Top