Писмата и ракописите на Александер Хамилтон, еден од седумте татковци на втемелувачите на САД, на 18-ти јануари ќе бидат понудени на наддавање во њујоршката аукциска куќа Sotheby’s за два милиона долари.
Благодарејќи на успехот на биографскиот мјузикл „Хамилтон“, кој освои најмногу номинации за наградата Тони во историјата на Бродвеј, вкупно 16, Пулицеровата награда и наградата Греми, интересот за историските документи и спомени ќе биде многу големо, сметаат во Sotheby’s, очекувајќи дека оригиналните ракописи ќе ја надминат почетната цена.
Меѓу понудените предмети се љубовните писма коишто Александер Хамилтон ѝ ги пишувал на сопругата Елиза. Се очекува дека би можела да постигнат цената од 15.000 до 20.000 долари.
За оние што сакаат да купат нешто полично, Sotheby’s нуди прамен од косата на Хамилтон со писмо од Елизабет, што исто така би можело да постине цена од 25.000 долари.
Александер Хамилтон е роден на 11 јануари 1755 година. Бил првиот министер за финансии во историјата на САД со наслов секретар на трезорот. Својата функција ја сметал премиерска.
Бил еден од најголемите поборници на уставот од 1787 година чијашто ратификација била приоритет. Заедно со неколкумина други автори, се впуштил во објавување есеи за неговите аспекти. Пишувани со намера да го уверува јавното мнение во пожелноста на новиот основен документ, овие есеи, познати како Федералистички акт даваат увид во размислувањата на творците на американскиот Устав и се сметаат за основа за толкување на уставот на САД.
Долгогодишното ривалство со тогашниот потпретседател на САД, Аарон Бер, во 1804 година ескалирало во судир кој завршил со двобој во кој Хамилтон е убиен.