Cadillac Fleetwood Brougham од 1954 година, кој некогаш му припаѓал на славниот Елвис Присли, понуден е на аукција. Се верува дека Присли во текот на својот живот поседувал над 200 Cadillac автомобили, а овој примерок е еден од нив. Автомобилот се продава на аукција во Шведска, а посебен е по тоа што е единствен кој бил регистриран на негово име. Купен е нов во 1974 година, а го движи 8,2-литарски V8 мотор. Се разбира, збогатен е со мноштво дополнителна опрема. По одредено време, Присли му го подарил овој автомобил на својот лекар, а од него во 1985 година го купил актуелниот сопственик. И покрај годините, има поминато само 2.800 километри. Интересно е дека купувачот ќе добие клуч од 14 каратно злато, историски фотографии и пратечка документација.