Насловна / Арт и дизајн / На аукција ќе бидат 11 дела на Пикасо, кои биле изложени во еден ресторан во Лас Вегас

На аукција ќе бидат 11 дела на Пикасо, кои биле изложени во еден ресторан во Лас Вегас

На аукција во октомври ќе бидат продадени 11 дела на Пабло Пикасо, кои 20 години краселе еден ресторан во Лас Вегас. Се очекува дека делата ќе бидат продадени за повеќе од 100 милиони УСД. Аукцијата ќе биде одржана два дена пред 140-тиот роденден на уметникот. Тие се дел од колекцијата на уметнички дела на ексклузивниот MGM Resort, во чија сопственост е споменатиот ресторан. Станува збор за ресторан чија работа е инспирирара од ликот и делото на Пикасо. Вредноста на колекцијата која е составена од 10 слики и една керамичка изработка, е проценета на 104,2 милиони УСД.

picasso1

 

Ова е проценка на аукциската куќа Sotheby’s, која ја организира продажбата. За прв пат една продажба на оваа аукциска куќа ќе се одржи во Лас Вегас, бидејќи тие обично се реализираат во нејзиното седиште во Њујорк. На аукциската продажба ќе биде понудена и сликата Femme au beret rouge-orange. На неа е францускиот модел Marie-Therese Walter, со која уметникот бил во врска на крајот на 20-тите и почетокот на 30-тите години. Портретот е препознатлив по живите бои.

picasso3

Сликите се посветени и на уште една негова партнерка, француската фотографка Dori Maar. Освен тоа, на продажба ќе биде и сликата Nature morte au panier de fruits et aux fleurs, создадена во текот на окупацијата на Париз, Aiguiere-Visage од 1954 година, како и Buste d’homme од 1969 година.Аукцијата е закажана во време кога пандемијата тешко го погодува пазарот на уметнички дела, но и туризмот. Во август минатата година, MGM Resorts отпуштиле 18.000 работници, што е четвртина од бројот на вработени. Во јули 2020, бројот на посетители во Лас Вегас се намалил за 61%. Сепак, во вториот квартал на оваа година, компанијата остварила раст на профитот и зголемен број туристи. Порачуваат дека аукциската продажба на делата на Пикасо ќе им помогне во оставрувањето на целите. После оваа продажба, компанијата и натаму ќе има во сопственост други 12 дела на познатиот шпански сликар.

picasso2

Испрати коментар

Scroll To Top