Насловна / Вести / На Арктикот пронајдена пластика и друг отпад од целиот свет

На Арктикот пронајдена пластика и друг отпад од целиот свет

Пластичниот отпад е глобален проблем кој не ги штеди ни најоддалечените области. Според студијата од часописот Frontiers in Marine Science, на Арктикот буквално може да се најде отпад од целиот свет. Проценката вклучувала отпад кој се наоѓал на крајбрежјето на Spitsbergen а ги собирале учесниците на арктичките патувања во текот на пет години. Најголем дел од пронајдениот отпад потекнува од риболов и бродарство. Околу една третина од идентификуваниот отпад доаѓа од Европа, од кој голем дел од Германија.

debris1

За истражувањето, арктичките туристи собирал отпад од 14 меѓусебно оддалечени крајбрежни места. Од 2016 до 2021 година се собрани 23.000 парчиња со вкупна маса од 1,62 тони. Дури 80% од собраниот отпад е пластика, а за голем дел од отпадот не можело да се утврди потеклото. Најстариот идентификуван предмет бил парше од шише од Норвешка од 60-тите години на минатиот век, а меѓу најновите еден чевел од Германија од 2012/2013 година. На околу 1% од предметите научниците пронашле натписи или други знаци според кои можело да се утврди нивното потекло. Голем дел од тие предмети потекнуваат од Германија, Русија и Норвешка, но откриени се и парчиња отпад кои потекнуваат дури од Бразил, Кина и САД.

debris3

 

Испрати коментар

Scroll To Top