Flughafen Wien Group, кој управува со виенскиот аеродром, објави дека ја изградил најголемата соларна електрана во Австрија. Престолнината на Австрија сака да достигне климатска неутралност веќе во 2040 година, десет години претходно од ЕУ. Сообраќајната инфраструктура е еден од најголемите предизвици, бидејќи вака амбициозните цели подразбираат итен премин на алтернативни технологии за производство на енергија, а аеродромот во Швехат преднички со своите решенија.
Flughafen Wien Group тврди дека веќе следната година ќе ги елиминира своите емисии на јаглерод диоксид, а голема улога во таа транзиција има новата соларна електрана, најголема во земјата. Оваа компанија, која управува и со аеродромите во Кошице, Словачка и на Малта, соопшти дека постројката во Швехат е веќе оперативна. На продторот на виенскиот аеродром, поставени се 55.000 соларни панели на површина од 24 хектари, а проценетото годишно производство е 30GWh. Компанијата смета дека со оваа електрана ќе може да покрие 30% од сопствената потрошувачка на електрична енергија. Инвестицијата вреди 20 милиони евра.
Flughafen Wien претходно во соработка со OMV договори проект за користење на отпадната топлина од блиската рафинерија на нафта, з агреење на своите објекти. Виенскиот аеродром исто така користи геотермална енергија и има неколку стотици електрични возила. Аеродромот веќе има седум помали фотонапонски постројки, а се планира инсталирање на вакви постројки на дополнителни 7 хектари површина. Со тоа би се произведувала повеќе електрична енергија од потребната за објектите и услугите.