Насловна / Вести / На аеродромот во Виена е можно да се изнајмат и кабини за спиење

На аеродромот во Виена е можно да се изнајмат и кабини за спиење

Аеродромот во Виена им нуди нова услуга на патниците – кабини за спиење кои се опремени со се што им е потребно на корисниците на авиопревозот. Градската власт на Виена соопштила дека станува збор за услуга која е достапна на аеродромскиот Терминал 3, а кабините се направени од страна на италијанскиот стартап Zzzleepandgo. Секоја од вкупно 16-те Smart Lounges кабини, претставува како што се наведува, место за одмор во само три метри квадратни.

wien1

wien3

 

Кабините се опремени со легло, приклучок за струја и USB, бесплатен WiFi, простор за складирање на работите и маса на расклопување. Освен тоа, сите кабини поседуваат мултимедијален систем, со помош на кој може да се емитуваат филмови и музика, да се контролира вентилацијата, светлото и завесите за затемнување. За користење на кабините, гостите се регистрираат директно на виртуелната рецепција на кабината, каде го вчитуваат својот пасош, кредитната картичка и Covid пропусницата. Резервации можат да се направат преку веб страницата. Во текот на периодот на наем на кабината, корисникот може да влегува и излегува без ограничувања. Кабините се чистат и дезинфицираат после секое изнајмување, а автоматскиот систем на вентилација го филтрира воздухот. Користењето на овие кабини чини 9 евра на час, односно 48 евра за цела ноќ.

wien2

wien4

Испрати коментар

Scroll To Top