Насловна / Вести / На аеродромот во Гибралтар пистата минува низ булевар

На аеродромот во Гибралтар пистата минува низ булевар

Gibraltar International Airport се наоѓа во Гибралтар, мала Британска територија на јужниот брег на Шпанија. Меѓу останатото, Гибралтар е познат и по својот единствен и несекојдневен аеродром. Имено, во средината на аеродромската писта минува булеварот „Винстон Черчил“ со четири ленти. Тогаш, како воопшто функционира овој аеродром? Секогаш кога некој авион треба да слета или полета, сообраќајницата се затвора. По завршувањето на операциите на слетување и полетување, булеварот е повторно отворен. Се разбира, гужвите и застоите во сообраќајот при една ваква рутина се неизбежни.

gibr2

Во последните неколку години, со растот на туризмот во Гибралтар, се зголемува и бројот на летовите, па затоа расте и притисокот за пронаоѓање на поинакво решение за аеродромот. И сосема е извесно дека тоа ќе биде направено. Аеродромот кој бил изграден во 1939 година, главно опслужува летови од British Airways и EasyJet, на релација од и до Велика Британија, како и неколку летови на Royal Air Maroc.

gibr4

Испрати коментар

Scroll To Top