Во височините на планинскиот венец на Алпите, поточно на височина од 3500 метри, сместена е највисоката соба во Европа која се наоѓа во понудата на интернетската платформа Airbnb. Собата е сместена во футуристичката жичарница Punta Helbronner во Италија, која со години се смета за највисока во Европа.
Во очи на почетокот на скијачката сезона, Airbnb на своите корисници им нуди единствена прилика за ноќевање во преуредената соба по име Mont Blanc во споменатата жичарница. Собата е наменета за престој на две лица, а се гордее со монументалните прозорци од подот до таванот кои пружаат спектакуларен поглед на Алпите. Покрај ноќевањето, на 27-ми ноември 2021 година, понудата вклучувала и превоз до врвот на жичарницата, ексклузивно право на спуштање низ снежните падини непосредно пред официјалниот почетокот на скијачката сезона во друштво на домаќинката Federicа Brignone – олимпијка и освојувачка на Светскиот куп во скијачко трчање, но и свечена вечера.
Со оглед на уникатноста на идејата и ограниченоста нa понудата, не изненадува што таа е продадена речиси веднаш по објавата на Airbnb. Но, понудата доаѓа со неколку предупредувања – потенцијалните гости треба да се советуваат со лекар пред да се упатат на височина од 3500 метри, и секако да имаат соодветна облека. Иако просторот во внатрешноста се загрева, температурите надвор варираат од -5 до -15 степени Целзиусови.