Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин Скопје“ во рамки на проектот „Соларни кина“, поддржан од Француската амбасада во Скопје, на 22 ноември го организира првото соларно кино во Кинотека на Северна Македонија.
Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот 20-28 ноември (EU Waste Reduction Week).
Настанот е промоција на еко-иновацијата „Мобилна станица за селекција“, која овозможува селектирање на шест вида отпад: хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На неа се поставени и соларни панели кои ја овозможуваат проекцијата на филмот.
Проекцијата на филмот „Il etait une foret – Си беше една шума“ ќе се одржи на 22.11 (понеделник) во Кинотека на.Македонија со почеток во 12:00 часот.
Влезот е отворен од 11часот и како влезница потребно е посетителите да носат нешто што може да се рециклира (хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки), како и ковид сертификат.
Ова претставува еден несекојдневен настан.
– капацитетот е ограничен, принципот е прв-пријавен, прв-услужен.
– Настанот се организира според сите протоколи, и за учество на истиот е потребно да приложи ковид сертификат
Пријави се тука https://forms.gle/yqCAwk1rwx8taBoH9
Повеќе за настанот на: https://www.facebook.com/events/1230383760774558?ref=newsfeed