Смартфонот на Huawei со троен преклоп, за кој се шпекулира веќе подолго време, ќе биде претставен на 10-ти септември, на посебен настан. Но, еден друг teaser најавува и нова верзија на електричниот автомобил Aito M9, со пет наместо шест седишта. Исто така, можно е наскоро да се претстават и два нови смарт часовници – Watch GT 5 и Watch D2 со нов TruSense хардвер.
Што се однесува до смартфонот, засега нема сетали, освен фактот дека ќе има форма од Z типот. Сето останато е мистерија. Новиот автомобил веројатно ќе биде многу сличен на својот претходник, но ќе понуди пет седишта. Flagship SUV е заеднички проект на компаниите Huawei и Seres.