Податоците кои ги има Министерството за животна средина и просторно планирање од мерните станици за мерење на загадувањето на воздухот забележано е намалување на бројот на загадени денови во 2018 година во споредба со претходните две години.
“Направивме споредба на податоците од изминатите три години, 2016, 2017 и 2018 во периодите од 1 јануари до 30 ноември и забележавме дека во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови во анализираниот период. Станува збор за број на денови со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми“, објаснува заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Според него постои сериозно намалување на бројот на загадени денови во Тетово, каде во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 година –115, додека во 2018 тој број паднал на 105. Во Битола, минатата година имало 105 загадени денови споредбено со 65 денови годинава на првата мерна станица, или 99 загадени денови лани наспроти 70 годинава на локацијата на втората мерна станица. Просекот од сите мерни станици на национално ниво покажува благ пад, од 99 загадени денови во 2016 и 2017 на 86 загадени денови во 2018 година, во периодот од 1 јануари до 30 ноември.
Од оваа анализа, додава Макрадули, ги исклучивме мерните станици кои не се во функција, иако и таму има намалување до моментот кога работеа.
Понатаму, анализата покажува тенденција на намалување на највисоките измерени ПМ10 вредности на годишно ниво, односно пад на највисоката регистрирана загаденост на воздухот. Просекот од највисоките ПМ 10 вредности од сите мерни станици паднал од 336 во 2017 година на 189 во 2018 година.
Во Карпош, постои двојно намалување на ПМ 10 и тоа од 525 максимална вредност во 2017, сега во 2018 се измерени 245, во Миладиновци од 423 на 188, во Битола 2 од 530 на 184, Куманово од 450 на 205 и Центар од 482 на 224.
Макдарули вели дека како Министерство се свесни дека загадувањето е високо, и дека ваквите намалени вредности се се уште многу високи, но сепак охрабрува бидејќи има мал исчекор кон подобрување на состојбата.