Насловна / Екологија / МЖСПП додели опрема за рециклирање на фреони од ладилниците

МЖСПП додели опрема за рециклирање на фреони од ладилниците

recikliranje-frizideri
Триесет и пет субјекти добија опрема за собирање и рециклирање фреон од ладилници обезбедена од Министерството за животна средина и просторно планирање, а со крајна цел спречување на нивната емисија во атмосферата.

Проектот што го спроведуваше Канцеларијата за озон, според раководителот Марин Кочов, се состоеше од обука на сервисери и професори во средни училишта кои продуцираат кадар за процесот на рециклирање на фреоните и царински работници за да можат да ги препознаат ладилните средства на граница.

– Доделивме опрема на сите сервисери кои аплицираа, односно 35 во овој циклус и 20-ина претходно. Значи, околу 55 сервиси во Македонија имаат опрема која служи за извлекување и рециклирање на фреонот, – појасни Кочов.

Опремата, според ресорниот министер Нурхан Изаири, кој присуствуваше на доделувањето, е во сопственост на Министерството и им се дава на користење на субјектите, кои имаат обврска да доставуваат извештаи колку од фреоните ги рециклирале.

Испрати коментар

Scroll To Top