Долгорочната амбиција на Mercedes-Benz да стане највредната марка на светот кога станува збор за лукзузните возила, се чини дека е на најдобар пат да се реализира. Потврдено е дека асортиманот на највисоката класа под знакот на трикраката ѕвезда ќе биде значајно променет. Луксузните автомобили на Mercedes во иднина ќе се делат на три класи: Top-End Luxury, Core Luxury и Entry Luxury.
Entry Luxury сегментот ќе биде „влезот“ во класата на луксузните возила, а моделите од овој вид ќе бидат водени од концептот VISION EQXX. Ќе ги има вкупно четири. Средната класа, Core Luxury, ќе биде предводена од новата E класа, како и новото електрично возило слично наменето за кинескиот пазар. Највисокото ниво на луксуз Top-End Luxury, ќе го пополни електричната лимузина EQS, нејзината варијанта EQS SUV, сите модели под марките Mercedes-AMG и Mercedes-Maybach, S класата, G класата и GLS. Некои од нив ќе го добијат најекслузивниот можен третман и ќе се продаваат под марката MYTHOS Series. Ќе бидат електрифицирани и целосно персонализирани според желбите на купувачите и како такви ќе бидат наменети исклучиво за колекционерите кои можат и сакаат да си дозволат вакви модели.
Mercedes Mythos се позиционира како подмарка за „најпосветените ентузијасти и колекционери на Mercedes-Benz”, а по повод најавата на оваа серија објавена е фотографија на силуетата на моделот кој треба да биде прв во понудата. Тоа ќе биде спортски кабриолет базиран на актуелниот модел на Mercedes-AMG SL. Кога станува збор за дополнителната опрема, завршната обработка и останатите додатоци, линијата Mythos ќе биде дури позиционирана над моменталниот поим за луксузни возила. Освен тоа, ќе се произведува во уште помали серии од Maybach.