Насловна / Вести / MVRDV претстави дигитална алатка за искористување на потенцијалот на кровните површини во Ротердам

MVRDV претстави дигитална алатка за искористување на потенцијалот на кровните површини во Ротердам

На Светскиот конгрес Smart City Expo во Барселона, компјутерскиот дизајн на MVRDV, MVRDV NEXT, мултидисциплинарната организација за планирање Superworld и општината Ротердам го објавија RoofScape, софтвер кој успешно ја визуелизира потенцијална употреба на покривите во Ротердам.

1

RoofScape е наменет да се користи и од професионалци како и од пошироката јавност, додека со своите компоненти доволно детално им помага во работата на актерите во процесот на креирање на политиките во просторот. Како што се вели во соопштението за јавноста на MVRDV, искористување и пренамена на кровните површинина урбаните блокови станаа еден од приоритетите за урбанистичкото планирање во Ротердам. Оваа програма се надоврзува на претходна работа помеѓу MVRDV и холандскиот град, кој го лансираше каталогот на покриви во 2021 година, книга која содржи 130 предлози кои се движат од обезбедување повеќе станови и простори за одмор до поттикнување на биолошката разновидност и производство на енергија.

2

3

Софтверот работи со кодирање на бои на покривите според тоа каква употреба можат да поддржат. Можностите се одредуваат преку широк опсег на збирки на податоци, вклучувајќи го и дигиталниот близнак модел на Ротердам кој ги детализира физичките карактеристики на објектите. Се додаваат податоци како што се функцијата на зградата, амортизацијата, енергетската ознака, статусот на наследство, ризикот од поплави, транзитниот пристап и повеќе за дополнително информирање за потенцијалот на покривите.

Корисниците можат да зумираат одредени населби и да видат какви типови на покриви се појавуваат во тие области. Достапни се и информации за тоа зошто на одредени згради им се доделуваат одредени бои.

„Софтверот го интегрира стручното знаење, додека останува доволно лесен за употреба за сите луѓе“, изјави водачот на проектот на MVRDV NEXT, Лео Стакард. „Мисијата на покривот на Ротердам е необичен урбан дизајн идеал – тоа не може да се направи со една голема одлука, па дури и со една организација која балансира помеѓу желбите на илјадници луѓе. RoofScape се осврнува на разновидноста на сопственоста, соништата и амбициите за кои треба да се преговара и истражува како општините можат да ги насочат овие случувања преку јавното мнение и општествено делување “.

4

„Каталогот на покриви е огромен успех во подигањето на свеста на луѓето за она што го гледаме како ресурс за градот и генерирањето можности околу тоа што може да се направи со тој простор“, рече Пол ван Русмален, проект менаџер за градската програма Ротердамски покриви.  „Овој прототип на RoofScape е всушност повик за акција, примерот да го следат и останатите европски градови.

Испрати коментар

Scroll To Top