Холандскиот град Ротердам е познат по неговиот организационен однос на принципот на „tabula rasa“, а истиот наскоро ќе ги добие и парадните 180 скалила дизајнирани од страна на холандското архитектонско биро MVRDV, коишто ќе водат до фамозниот влез во светски познатата централна станица Groot Handelsgebouw.
Овие скалила ќе бидат изградени во чест на сеќавањето на целосната обнова на градот по Втората светска војна и одбележување на 75 годишнината од неговото целосно срамнување со земја.
На врвот на овие скалила кои се со височина од 29 метри и должина од 57 метри, ќе биде поставен видиковец од каде ќе може да се пружаат широки погледи врз еден од најголемите пристанишни градови во Европа.