Насловна / Архитектура / MVRDV го претстави својот „зелен“ облакодер – архитектура која диши

MVRDV го претстави својот „зелен“ облакодер – архитектура која диши

MVRDV, реномирана архитектонска компанија, неодамна го претстави својот нов проект – импресивна кула висока 150 метри во Ченгду, Кина. Оваа кула ќе има атриум кој се протега низ целата височина на зградата, а богатото зеленило ќе помогне во одржувањето на пријатна температура. Проектот го носи името Chengdu Tianfu Software Park High Rise and Cultural Building, а зад него стои Chengdu High-Tech Investment Group.

mvrdv1

Кулата ќе биде дом на канцелариите на технолошките компании специјализирани за 5G, вештачка интелигенција и сродни области, додека на долните катови ќе се наоѓаат малопродажни објекти. Значаен дел од преостанатиот простор ќе зазема атриум, кој ќе биде комбиниран со функционална фасада. MVRDV објаснува дека обликот на кулата е прилагоден така да се добие што подобар поглед на планините на исток и да се оптимира ефикасноста на просторот. Атриумот ќе биде делумно отворен, со флуидни линии кои се спојуваат со шопинг мол, додека ќе го обвиткува мрежеста фасада. Ваквата конструкција му овозможува на атриумот да придонесе за подобра климатизација на зградата, бидејќи претставува пасивна попречна вентилација во однос на панелите кои ќе се отвораат на попречните страни на фасадата, истовремено намалувајќи ја апсорпцијата на сончева енергија.

mvrdv2

Проектот исто така вклучува и помала четирикатна зграда, чиј покрив ќе биде достапен за посетители во вид на јавен парк. Овој дополнителен објект ќе претставува културен центар на компанијата. Во него ќе бидат сместени музеј на уметноста, конференциска сала, библиотека и изложбен простор. Посебно внимание е посветено на изобилството дневна светлина која ќе ја исполнува зградата благодарение на големите стаклени површини. Во склоп на Tianfu Software Park ќе бидат изградени и други згради. Некои од нив веќе се градат, но нема информација кога ќе биде изградена кулата на MVRDV и културниот центар.

Испрати коментар

Scroll To Top