Сместен на парцела помеѓу два објекти со драстично поголема висина, музичкиот конзерваториум е средиште на нова урбана и архитектонска скрипта, врзана не само за архитектонското туку и за културното богатство на градот Париз. Неговата стратешка позиција се должи на урбаното опкружување – долж магистралата Courcelles, значаен „пасаж“ за влез во градот кој се простира помеѓу две архотектонски ери и стилови.
Проектот како концепција е дизајниран од внатре кон надвор, креирајќи средина за споделување, компетитивност, соочување, место каде посетителите можат да се едуцираат, да играат, да создаваат…
Движењето и звуците што произлегуваат од овој круг на активности се примарната инспирација за обликување на волуменот, извиткана и брановидна форма, заштитена со обвивка перфорирана од ритамот на мелодијата. Ентериерот, како и надворешната фасадна обвивка ја отсликуваат континуираната динамика на активностите, збогатени со игра на пасажи и воздушни простори, разновидни материјали кои ја рефлектираат или пак апсорбираат светлината, истовремено придонесувајќи за беспрекорната акустика на објектот.