Насловна / Архитектура / Музејски павилјон во Павлов, Чешка

Музејски павилјон во Павлов, Чешка

Повеќедецениските ископувањата во археолошкиот локалитет од палеолитско доба во Павлов, населено место во Јужноморавскиот дел во Чешка привлекуваат внимание.

2_resize

Откриен е огромен број алат од камен и коски и уметнички дела, како и скелетни остатоци од анатомски модерни луѓе. Ова лолаитетот го става високо на листата на водечки археолошки наоѓалишта.

Чешкото архитектонското биро Radko Květ со седиште во Брно е автор на павилјонот ArcheoPark создаден на овој локалитет, кој е и добитник на Гран при наградата BigSEE Architecture Award за 2019 година во категоријата јавни објекти.

1_resize

На локација со површина од 17.899 квадратни метри, изграден е објект со површина од 1.134 квадратни метри. Овој изложбен простор комбинира современа аудиовизуелна технологија со традиционалните музејски прикази и овозможува на јавноста да се запознае со најважните откритија на научните истражувања кои се прават на археолошкиот локалитет.

6_resize

Покрај фотографиите и документите кои ја детализираат историјата на различните ископувања, музејот прикажува и вистински откритија и го објаснува духовниот свет на овие антички луѓе. Посебен акцент е ставен на теми како лов, секојдневието на ловците, нивната уметност и нивните погребни обреди, како и други аспекти од нивниот свет.

5_resize

Музејот ArcheoPark во поголем дел е сметен  под земја, само бели бетонски кубуси изникнуваат над земја.

Архитектонското решение се заснова на условите на локацијата и се формира според три главни аспекти:

– локацијата е дел од национален споменик на културата кој ја ограничува изградбата на подрачјето, кое е веќе археолошки ископано и истражено, а единствениот исклучок е изложбата „in situ“

– претпоставено е дека археолошките ископувања се наоѓаат на 4-5 метри под теренот

– локацијата е дел од заштитеното пејзажно подрачје

8_resize

Врз основа на овие аспекти, главниот изложбен простор, како и административните, техничките и социјални простори, скриени се под ридот. Кулата за осветлување се протега кон надворешноста, како и влезот со конусна форма и погледот кон езерото подолу. Намерата е зградата да потсетува на форма на пештерата. Материјалите кои се користени се монолитни релјефи од бетон, дабово дрво и стакло.

3_resize

Влезната зона е мултифункционална, може да се користи и за активности на отворено, како што се театарски претстави или понатамошна подлога за археолошките ископини. Овој проект на пејзаж на отворено опфаќа просторна и функционална употреба на областа, додека суптилно придонесува за сценографијата под ридот Děvín.

7_resize

„Локалитетот не потсетува на минато историско доба и истовремено е дел од универзалното културно наследство и симболичен интегрален елемент на локалната култура, во основа формира врска меѓу локалното население и регионот“, велат архитектите од Radko Květ.

Испрати коментар

Scroll To Top