Насловна / Архитектура / Музејот во Хелсинки извира од површината

Музејот во Хелсинки извира од површината

„Amos Rex“ има свои потекло во „Amos Anderson Art Museum“, кој од 1965 е водечки приватен музеј во Хелсинки . За да се реализираат промените во праксата и прикажувањето на современата уметност во 21 век, доверителите на „Amos Anderson Art Museum“ заклучиле дека е потребно ново место кое ќе биде подобро прилагодено за обезбедување на нови уметнички искуства од постојното сместување на музејот во пренаменетите новински канцеларии. Во близина на зградата Ласипалаци, еден од најпознатите зачувани примери од функционалистичката архитектура во 1930-тите, просторот е идентификуван како нов дом за музејот.

1

4
Ласипалатси е сеопфатно обновен во рамки на проектот, со особено внимание да се сочуваат оригиналните карактеристики кои го вклучуваат и првото надворешно неонско осветлување во Финска.

3
Bio Rex, киното со 590 седења во зградата Ласипалаци обновено е до својата слава од 1930-тите и вклучено во новата институција.

Amos Rex 20180620  Bio Rex, Helsinki

Amos Rex 20180525 Bio Rex, Helsinki

Од фоајето на реновираниот Ласипалаци, посетителите се симнуваат по скали во подрумот, покрај прозорец кој пружа поглед на јавниот плоштад.

Amos Rex 20180708  Amos Anderson museo, Helsinki
Реконструкцијата на плоштадот Ласипалаци во Хелсинки донесе појава на збир од куполи кои извираат од површината. Брановидниот јавен простор е привлечен сам по себе, но под него се крие Музејот на современа уметност кој по се изгледа ќе привлече голем број посетители.

2

Брда и возвишувања кои сега се наоѓаат на плоштадот Ласипалаци наликуваат на скејт парк, но всушност се отвори со прозори кои се во функција на светларници и ги осветлуваат галериските простори кои се наоѓаат под површината на земјата.

6

Ископани се околу 13.000 кубни метри камен за да се направи пат за овие сали кои го прават потполно нов Музејот на современа уметност „Amos Rex“.

15

18
Обликот на куполите се истакнува во топографијата на ново уредениот плоштад кој се наоѓа над галериите, како низа од нежни, кружни форми облечени во бетонски плочки.

Amos Rex 20180708  Amos Anderson museo, Helsinki

Amos Rex 20180621  Amos Anderson taidemuseo, Helsinki
Музејот„Amos Rex“, порано познат како „Amos Anderson Art Museum“ дел е од проектот за реновирање на плоштадот. Реконструкцијата ја изработило локалното архитектонско биро JKMM во износ од 50 милиони евра, а музејот добил 2200 квадратни метри галериски простор.

19
Само за потсетување за зградата во Скопје во која се сместени различни содржини кои немаат никаква врска една со друга Уставн суд, Државен архив и Археолошки музеј, со површина од 13.510 квадратни метри, потрошени се над 42 милиони евра. Оваа зграда со ширина 15 метри, сместена во забранетата заона за градење во коритото на Вардар, веќе создава сериозни проблеми поради атмосферските влијанија, висината на подземните води, функционалните, урбанистичките и технички решенија и квалитетот на изведбата.

20

Испрати коментар

Scroll To Top