Музејот Viking Age во Осло ќе добие проширување во коешто ќе бидат сместени реплики на бродови со кои Викинзите пловеле до новите земји.
Неодамна норвешката архитектонска фирма AART го освои конкурсот кој подразбира идејно решение за анекс во музејот, каде што ќе бидат поставени дополнителни содржини, како и мноштво на реквизити поврзани со популарната историја на Викинзите.
Ова големо проширување на објектот ќе биде речиси три пати поголемо од сегашниот простор на музејот.
Постоечката зграда на Музејот, со вкрстена основа, ќе биде проширена со полукружен објект од 9.300 квадратни метри, така што вкупната површина на идниот музеј ќе изнесува 13.000 м2, пишува Dezeen.
Полукружното проширување ќе ги поврзува северниот и западниот дел од објектот и ќе формира храбра и компактна целина, која со самата форма ќе претставува поттик за јасно и флуидно движење низ изложбениот простор внатре во музејот.
Посебно внимание е посветено на хармоничното визуелно вклопување на новото заоблено проширување наречено Naust со постојната структура со форма на крст. По сртот на сегашната музејска зграда дизајнирана на новиот објект.
Иако со површината поголем, новиот објект ја следи старата зграда со форма која има тенденција да ги обедини просториите на музејот.
Постојниот објект го задржува приматот, а заради габаритниот склад, од влезната зона, речиси и да не забележуваат промените.
Новиот анекс на Музејот на Викинзите сигурно ќе игра голема улога во претставувањето на историјата на Викинзите, бидејќи просторно и функционално ќе им овозможи на посетителите што поверодостојно и посодржински отсликување на начинот на живеење на овој народ.