Реконструираниот Музеј на современата уметност во Белград ќе биде отворен на 20 октомври.
„Владата на Србија и Министерството за култура ќе успеат на време да ја исполнат една од приоритетните задачи, а тоа е завршување на реконструкцијата на Музејот на современа уметност во Белград”, изјавил министерот за култура и информирање Владан Вукосављевиќ и додал дека „музејот по предолгата пауза од 20 години повторно ќе ги прима посетителите“.
Музејот на современа уметност е затворен за јавноста во 2007 година, заради градежни работи на адаптација, реконструкција и надградба на објектот на Ушче.