Насловна / Архитектура / Музејот на Sou Fujimoto, Куќа на музиката во парк во Будимпешта

Музејот на Sou Fujimoto, Куќа на музиката во парк во Будимпешта

Јапонскиот архитект Sou Fujimoto го заврши музејот посветен на музиката на чиј врв има брановиден кров испресечен со дрвја во градскиот парк во Будимпешта.

Наречен Куќа на музиката, музејот од 9.000 квадратни метри е посветен на раскажување на историјата на музиката во изминатите 2.000 години.

2_resize

Музејот, кој е изграден на местото на канцелариите Hungexpo, опкружен е со дрвја во градскиот парк во Будимпешта.

Fujimoto го проектирал објектот, обвиткана со стаклен ѕид и на врвот со голем надвишен кров, за да го имитира чувството да се биде под крошна на дрво, пишува Dezeen.

1_resize

„Бевме маѓепсани од мноштвото дрвја во градскиот парк и инспирирани од просторот што тие го создале“, вели Fujimoto.

„Додека богатите крошни ја покриваат и ја заштитуваат околината, исто така им овозможуваат на сончевите зраци да стигнат до земјата. Замислив отворена основа, каде што границите помеѓу внатре и надворе се замаглуваат, како продолжение на природното опкружување“.

4_resize

6_resize

Кровот на зградата е испрекинат со 100 отвори, од кои некои содржат дрвја, додека други создаваат светлосни отвори кои овозможуваат природна светлина во зградата.

На долната страна на кровот, на еркеро, поставени се 30.000 геометриски форми дизајнирани да доловат лисја од дрвја.

5_resize

8_resize

Куќата на музиката има три ката кои се направени да ги одразуваат „трите движења на музичката партитура“.

Приземјето на ниво на паркот е целосно опкружено со 94 стаклени панели направени по мерка. Најголемиот од овие панели е висок 12 метри.

13_resize

12_resize

Овој претежно отворен простор во приземјето содржи две концертни сали. Помалиот простор ќе се користи претежно за предавања и работилници, додека салата со стаклени ѕидови и со 320 места за седење ќе се користи за музички изведби.

Големиот подрум ќе ги содржи сите главни галериски простори на музејот, вклучително и постојана изложба наречена Димензии на звук – Музички патувања во просторот и времето, која се фокусира на историјата на европската музика.

9_resize

14_resize

Првата привремена изложба на институцијата ќе биде посветена на клучните моменти во унгарската поп музика од 1950-тите до 1990-тите.

На ова ниво е и хемисферична звучна купола, каде што до 60 луѓе можат да искусат звук од 360 степени од мрежа од 31 звучник.

11_resize

Над главното ниво, првиот кат се наоѓа во рамките на кровната конструкција. Ова ниво содржи мултимедијална библиотека и архива на унгарска забавна музика, како и училници и канцелариски простори.

Трите ката се поврзани со големи спирални скали.

7_resize

Куќата на музиката е завршена како дел од амбициозниот проект Liget Budapest, во кој ќе бидат изградени неколку музеи во градскиот парк во Будимпешта од 122 хектари.

Во близина е во изградба Етнографски музеј во облик на скејтборд, проектиран од унгарското биро Napur Architect, а бирото SANAA проектира Национална галерија на Унгарија за локација во паркот.

16_resize

17_resize

15_resize

20_resize

21_resize

19_resize

18_resize

Испрати коментар

Scroll To Top