Насловна / Архитектура / Музејот на Калатрава во Рио лебди над морето

Музејот на Калатрава во Рио лебди над морето

Музејот на утре (португалски: Museu do Amanhã) е научен музеј во Рио де Жанеиро, Бразил. Проектиран е од шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава и изграден е покрај брегот Pier Maua. Музејот е инспириран од Кариока културата и преку неговата архитектура го истражува односот помеѓу градот и природната средина.

Музејот вклучува 5.000 квадратни метри привремен и постојан изложбен простор, како и плоштад од 7.600 квадратни метри што се обвиткува околу структурата и се протега по должината на пристаништето. Објектот има големи настрешници од 75 метри од страната свртена кон плоштадот и 45 метри од страната свртена кон морето.

Овие карактеристики го истакнуваат проширувањето на музејот од пристаништето до заливот. Постојаната изложба е сместена на катот, и има кров висок 10 метри со панорамски поглед на заливот Guanabara Bay. Вкупната висина на зградата е ограничена на 18 метри, што го штити погледот од заливот на манастирот Sao Bento, кој е светско наследство на УНЕСКО.

Конзолниот кров со своите големи подвижни крила и фасадната структура се прошируваат речиси по целата должина на пристаништето, нагласувајќи ја должината на заливот Guanabara, притоа минимизирајќи ја ширината на објектот. Рефлектирачкиот базен што ја опкружува зградата – се користи за филтрирање на водата што се црпи од заливот и пушта назад од крајот на пристаништето – на посетителите им остава впечаток дека музејот лебди.

„Идејата е зградата да делува етерично, речиси како да лебди над морето, како брод, птица или растение. Поради променливата природа на експонатите, воведовме архетипска структура во внатрешноста. Оваа едноставност овозможува функционална сестраност на музејот, способен во него да се организираат конференции или да делува како истражувачки простор“, вели Калатрава.

Објектот е ориентиран во правец север-југ, вон центарот од надолжната оска исток-запад на пристаништето, максимизирајќи ја континуираната карактеристиката на пејзажното уредување што содржи прекрасни градини, патеки и простори за одмор долж јужната страна на пристаништето.

Шеталиштето во паркот околу периметарот на пристаништето им овозможува на посетителите да го обиколат музејот, додека уживаат во панорамскиот поглед на манастирот Сао Бенто и заливот Guanabara. Долното ниво содржи функционални и технички простории, како што се административни канцеларии, образовни простори, истражувачки простор, аудиториум, музејска продавница, ресторан, лоби, архиви, складиште и простор за достава.

Сместен на пристаништето Pier Maua, Музејот на утре е дел од голема ревитализација на Porto Maravilha, пристанишен кварт во Рио де Жанеиро. Проектот овозможува подобра интеграција помеѓу пристанишниот округ и центарот на градот и помага оваа област да стане една од најатрактивните населби во градот. Зградата „е резултат на конзистентен дијалог. Објектот е изградена за да биде музеј за иднината и образовна единица“, вели Калатрава.

Зградата има одржлив дизајн, кој вклучува енергија и извори на светлина. Водата од заливот се користи за регулирање на температурата во внатрешноста; овој извор, исто така, ги снабдува со вода околните рефлектирачки базени. Музејот користи и фотоволтаични соларни панели, кои може да се прилагодат за да го оптимизираат аголот на сончевите зраци во текот на денот и да генерираат сончева енергија за снабдување на објектот.

Визионерскиот музеј е фокусиран на одговари на пет клучни прашања: Од каде дојдовме? Кои сме ние? Каде сме ние? Каде одиме? И како сакаме да живееме заедно во следните педесет години?

Музејските експонати се однесуваат на прашања како што се растот на населението и продолжениот животен век, моделите на потрошувачка, климатските промени, генетскиот инженеринг и биоетика, распределбата на богатството, технолошкиот напредок и промените во биодиверзитетот.

Покрај главниот изложбен простор, Музејот на утре има простор за привремени изложби, аудиториум со 400 седишта, кафуле, ресторан и продавница за сувенири.

Овој музеј е експериментален, каде содржината е претставена преку наратив кој ја комбинира точноста на науката со експресивноста на уметноста, користејќи технологија како поддршка во интерактивната средина и аудиовизуелни и играчки предмети создадени врз основа на научни студии спроведени од експерти и податоци објавени ширум светот.

Главната поставка на Музејот на утре е заснована на кураторскиот концепт на физичарите во космологија како Луиз Алберто Оливеира. Сместена на вториот кат од музејот, ги води посетителите низ структурирана приказна во пет главни области: Космос, Земја, Антропоцен, Утре и Ние. Заедно сочинуваат 27 експерименти и 35 под-искуства, сите достапни на португалски, шпански и англиски јазик.

Изградбата на музејот е поддржана од Фондацијата Roberto Marinhoи и изнесувала околу 230 милиони реали. Објектот е отворен на 17 декември 2015 година.

Испрати коментар

Scroll To Top