Насловна / Архитектура / Музејот на исламска уметност на И. М. Пеи во Доха

Музејот на исламска уметност на И. М. Пеи во Доха

Светски познатиот американско – кинески архитект И. М. Пеи, се вратил од пензија на 91 година за да го проектира Музејот на исламска уметност во Доха. Посетувал многу исламски објекти и шест месеци патувал ширум муслиманскиот свет во потрага по учење за исламска архитектура и историја за да црпи инспирација за својата архитектура.

8

Одбивајќи ги сите предложени локации, славниот архитект, предложил остров за да се избегне градење на други објекти во околината кои би ја реметеле визурата. Музејот со површина од 45.000 квадратни метри изграден е на вештачки полуостров покрај шеталиштето Doha Corniche и опкружен е со парк, во форма која помалку асоцира на полумесечина. Дизајнот на објектот е непогрешливо исламски, но без украси, мошне минималистички.

Комплексот вклучува главна зграда од пет ката со соседно двокатно крило наменето за образование поврзано со голем двор.

4

3

Музејот кој прикажува ремек дела арапска уметност од 7. до 19. век е под влијание на исламската архитектура. Според Пеи инспирацијата била фонтаната од 9. век во џамијата Ibn Tulun во Каиро. Се смета и за своевидна ода на исламската жена бидејќи дизајнот на оваа импресивна градба потсетува и на Арапка во традиционална облека. Тоа најдобро се гледа по врвот на објектот, кој неодоливо потсетува на женско лице покриено со никаб.

2

01

Објектот е со блоковска, скалеста форма, која се издига во петкатна кула и содржи централен атриум опкружен со галерии. Аголните волумени на главната зграда степенасто се повлекуваат наназад додека се издигнуваат околу куполен атриум висок 164 метри, кој е сокриен од надворешниот поглед со ѕидовите на централната кула. Окулусот на врвот на атриумот ја фаќа и рефлектира шарената светлина внатре во фасетираната купола. На северната страна на зградата зид завеса висока 45 метри пружа спектакуларни погледи на Арапскиот залив од сите пет ката. Пустинското сонце игра фундаментална улога, трансформирајќи ја архитектурата во игра на светлина и сенки.

02

6

Внатрешноста не е помалку импресивна. Пеи побарал проектант на ентериерот да биде неговиот соработник на Лувр во Париз, Jean-Michel Wilmotte од Wilmotte & Associates. Геометриски обрасци од исламскиот свет ги красат просторите низ музејот. 18 галерии проектирани од Wilmotte содржат темно сив камен и бразилско чипкано дрво кое е брушено и обработено за да се создаде метален изглед, што е во контраст со светло обоените камени делови. Wilmotte исто така го изработил и мебелот по нарачка, инспириран од стилот на Пеи. Различни текстури и материјали обезбедуваат уникатна позадина за нагласување на извонредните колекции.

5

Керамика, текстил, метал, накит, дрво, стакло и ракописи во период од дваесет години се собирани од три континенти за да се создаде една од најкомплетните збирки на исламски артефакти во светот.

7

Објектот е граден од турската компанија Baytur Construction. Музејотна на исламска уметност е отворен на 22 ноември 2008 година од тогашниот емир на Катар, шеикот Хамад, а за пошироката публика е отворен во декември истата година.

9

10

11

Испрати коментар

Scroll To Top