Насловна / Арт и дизајн / Музејот на град Зеница со изложба на илустрации посветени на Amy Winehouse

Музејот на град Зеница со изложба на илустрации посветени на Amy Winehouse

Посетителите на Музејот на град Зеница, до крајот на овој месец ќе имаат прилика да ја погледат изложбата на илустрации Back to Black, која по повод десетгодишнината на смртта на Amy Winehouse, ја подготвил директорот на таа установа Adnadin Jašarević.  Според Jašarević, Winehouse e кралица на британскиот соул и една од најголемите ѕвезди на современата музичка сцена, па неговата изложба претставува сеќавање на „иконата на 21-виот век“. „Настојував преку портретите на пејачката да ги доловам расположенијата која таа ги поттикнуваше кај слушателите на нејзината музика. Таа со само два издадени албуми освои 23 најначајни музички награди во светот, меѓу кои и неколку Grammy. Оваа изложба е наменета за сите старосни категории“, вели Jašarević. Освен во просторот на Музејот на град Зеница, изложбата мже да се види и на Facebook страната ан таа установа, како и на страницата Planet Europa.

amy1

amy2

amy3

 

Испрати коментар

Scroll To Top