Насловна / Архитектура / Музејот на егзил во Берлин се гради на местото на урната железничка станица

Музејот на егзил во Берлин се гради на местото на урната железничка станица

Музејот на егзил во Берлин (Exilmuseum), чиј проект го потпишува данскиот архитект Дорте Мандруп, се гради на Асканишер Плац и треба да заврши до 2025 година.

muzej

Презентираниот дизајн на зградата се карактеризира со едноставна, закривена форма, со намера да се нагласи позицијата на поранешната железничка станица Анхалтер Бахнхоф, од која илјадници луѓе избегале за време на Втората светска војна пред таа да биде уништена во голема мера за време на бомбардирањето во 1943 година.

Урнатините на станицата, кои се важен споменик од тоа време, ќе останат недопрени и ќе бидат централната точка на влезот во музејот.

Закривената зграда со вкупна фасадна површина од 6.300 квадратни метри ќе биде конструирана во комбинација од стаклени панели и тули, каде што заоблените елементи ќе ги врамуваат погледите од внатрешноста кон непосредната околина.

muzej1

Жолтата тула ќе се користи по моделот што се користи на железничката станица Анхалтер Банхоф и ќе биде поставена под различни агли, а преку играта на сенки ќе се создаде изглед како фасадата да трепери како во старите филмови.

Главниот влез во зградата ќе биде организиран од север, со поглед на Асканишер Плац и јасно насочен кон остатоците од урнатините на Анхалтер Банхоф.

muzej2

На влезот, посетителите ќе поминат низ заоблен премин, по што ќе бидат пречекани од транспарентно фоаје, кое ќе биде поплочено исто како и на Асканишер Плац, со цел да се постигне најсилна можна врска со околината.

Висината на фоајето се протега на сите три нивоа на зградата, со цел да се олесни визуелната и функционалната вертикална и хоризонтална циркулација.

Покрај трите надземни ката, зградата ќе има и подрум и зелен покрив, кои ќе бидат скриени однадвор со ѕид од тули.

muzej3

Испрати коментар

Scroll To Top