Насловна / Арт и дизајн / Музејот Лувр предупредува на тешката состојба во која се наоѓа

Музејот Лувр предупредува на тешката состојба во која се наоѓа

Директорката на музејот Лувр во Париз, Laurence Des Cars, ја предупреди француската влада за состојбата на музејот, укажувајќи на потребата од големи работи, пишува во доверлива белешка до која дошле медиумите.

Таа белешка, која пред десетина дена  е упатена до француската министерка за култура Rachida Dati, укажува на „тешката реалност на состојбата“ на зградата на најпосетениот музеј во светот, каде што многу состојби достигнале „загрижувачко ниво на застареност. “, пренесува весникот Le Parisien.

Во документот, чии делови ги објави француски весник, се зборува за понекогаш многу лошата состојба на музејските простори во со векови стариот објект. Укажано е на проблеми со течење на вода и влага во некои простори, додека други доживуваат значителни температурни варијации „загрозувајќи го зачувувањето на делата“.

Уште еден проблем е фактот што посетителите на Лувр се лишени од простор што „им овозможуваат одмор“.  Директорката пишува дека посетата на Лувр станала „физичко искушение“, а уметничките дела е тешко да се пронајдат поради неадекватни ознаки  додавајќи: „Понудата на храна и санитарните јазли се недоволни, далеку под меѓународните стандарди. Сигнализацијата мора целосно да се редизајнира“, се наведува.

Минатата година музејот го посетиле девет милиони луѓе

Весникот Le Parisien исто така наведува и „значајни недостатоци“ во концептот на големата стаклена пирамида отворена во 1988 година, проектирана од И.М. Пеи, која е „многу негостољубива“ во топлите денови.

Белешката, исто така, инсистира на потребата да се разгледа „презентација на Мона Лиза во Salle des Estates“.

Во април минатата година, Laurence Des Cars веќе најави дека размислува за подобрување на условите за изложување на познатата слика на Леонардо да Винчи, за која смета дека заслужува посебна соба.

Меѓу најавените проекти е и отворање на втор влез во музејот со цел да се растерети главниот, кој се наоѓа под пирамидата. Вториот е проектран да прими четири до пет милиони посетители годишно. Речиси девет милиони луѓе го посетиле музејот Лувр минатата година. Предвиден да прима четири милиони посетители годишно, Лувр забележа рекордна посетеност од 10,2 милиони посетители во 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top