Насловна / Архитектура / Музеј по терк на кинеска канонска техника „Хејуан“

Музеј по терк на кинеска канонска техника „Хејуан“

Архитектонската фирма Студио Жу-Пеи беше ангажирана да го дизајнира уметничкиот центар Зибо ОКТ лоциран на југот на Пекинг, мал музеј во регионот Шандонг. Објектот се наоѓа на периферијата, недалеку од градот Зибо. Формативниот аспект на музејската зграда  доаѓа од традиционалната кинеска канонска форма на „Хејуан“, централен двор опкружен со придружни намени и периметрално заштитен со габаритот на околните објекти.

14 3 12 4

Студиото Жу-Пеи го проектирање музејот едноставно и релативно грубо и ги содржи локалните материјали и практики при градење. Комплексот од камени ѕидови е изграден со користење на традиционална техника за обработка на ѕидови кои најчесто ги користат локалното население, што е карактеристично за северна Кина, особено за провинцијата Шандонг.

 

Потпирајќи се на овие камени ѕидови, кои се издигнуваат како кулиси и се рефлектираат во водената површина од партерот ги генерираат внатрешните простори со нивните меки хиперболични форми.

 

Централниот атриум е мултифункционален простор и може да се трансформира во место за состанување, особено при отворањето на изложбите. Во дождливите денови, фомативноста на коридорот овозможува да се реализираат активности на отворено. Објектот е исклучително порозен, слично на сунѓер и може да прими многу корисници, да обезбеди сенка и засолниште од надворешни влијанија..

8 9 13 7

Покривот во форма на хиперболоид попушта поради гравитацијата на природата, што исто така допринесува околу впечатокот на напрегната структуралност во просторот. Иако луѓето се наоѓаат во навидум едноставен простор, поради закривеноста на покривот, хомогеноста која се создава во внатрешноста го прави возбудлив одразувајќи го чувството за движење и монументалноста на објектот.

Покривот е направен од лиен бетон што се истура на самото место. Креативното размислување за Zibo OCT Art Center е длабок експеримент кој се фокусира на структурната форма. Како и сите претходни дела на студиото Жу-Пеи, отсекогаш е фасцинантно да се истражуваат хоризонтално структурните форми со тектонска експресивност кои имаат тенденција за органско ширење.

3 2 5 10

Испрати коментар

Scroll To Top