Насловна / Арт и дизајн / „Музеј на пластиката“ – направен во целост од пластика и во целост рециклиран

„Музеј на пластиката“ – направен во целост од пластика и во целост рециклиран

Пластиката е многу корсиен материјал, кој од друга страна сериозно ја загадува животната средина. Токму затоа, пластиката е мотив за создавање на т.н „Музеј на пластиката“, поточно за прикажување на улогата која пластиката ја има во нашите животи и можностите за нeјзина повторна употреба и рециклирање. Отворен е во Мадрид на 8-ми мај, и целосно е изграден од пластика. Преку прикажаните артефакти, кои вклучуваат предмети за здравствена заштита, комуникација, амбалажа за храна и сл., посетителите учат за основните функции кои ги обезбедува пластиката во денешното живеење. Музејот ја потенцира важноста на пластиката, но укажува и на можноста за заштита на животната средина со промена на однесувањето во разни фази на производите – екодизајн, употреба, повторна употреба и рециклирање. Истовремено, преку посебно организирани настани се зборува за примена на одржливи видови (биоразградлива) пластика со што ќе се придонесе во борбата против климатските промени.

На 17-мај, Светскиот ден на рециклирањето, „Музејот на пластиката“ е демонтиран и сите негови делови ќе бидат повторно искористени и рециклирани, со цел да им се даде нов живот.

plasticm1

plasticm2

plasticm3

plasticm4

Испрати коментар

Scroll To Top