Насловна / Архитектура / Музеј на иднината во Дубаи

Музеј на иднината во Дубаи

Музејот на иднината во Дубаи ги поканува своите посетители да се приклучат на патувањето во нова реалност. Замислен е како изложбен простор за иновативни и футуристички поставки, а отворањето е закажано за оваа година.

Dubai

Се наоѓа во Финансиската област на Дубаи (DIFC) и од самиот почеток ја заинтригира светската јавност како место за нови искуства. Зад проектот стои Dubai Future Foundation, а поради околностите предизвикани од пандемијата на корона вирусот, отворањето, првично планирано за декември 2021 година, е одложено за оваа година.

Основната идеја на музејот, кој се наоѓа како нетипична зграда на зелен рид среде модерна метропола, е да промовира технолошки развој и иновации, пред се во областа на роботиката и вештачката интелигенција.

Dubai1

Оваа импресивна архитектонска зграда ги поканува луѓето од целиот свет да патуваат заедно до 2071 година, точно половина век од првично одредената година на отворање. Автор е архитектонското студио Killa Design во соработка со инженерите Buroa Happold. На прозорците на фасадата е испишана арапска песна за иднината на Емиратот. Школката во форма на торус има 1.024 огноотпорни панели и е обложена со нерѓосувачки челик. Секој панел има уникатна 3D форма неопходна за создавање на арапската азбука.

Музејот има седум ката и секој е посветен на специфични тематски поставки. Како место за учење, а не само уметничко искуство, Музејот ги запознава посетителите во светот на нови можности за подобра иднина. Три ката се посветени на развојот на користењето на вселенските ресурси, екосистемите, биоинженерството, здравјето. Следните три претставуваат технологии кои се применуваат во блиска иднина во однос на вода, храна, транспорт. Горниот кат е посветен на децата.

Dubai2

Музејот на иднината се стреми да ги поттикне решенијата со кои градовите ќе се соочат во претстојното време и затоа по официјалното отворање ќе собере не само уметници и дизајнери туку и истражувачи од различни научни дисциплини, пронаоѓачи и финансиери. Лабораториите на Музејот ќе имаат сектори посветени на здравството, образованието, паметните градови, енергијата и транспортот.

Комбинирајќи различни медиуми, Музејот на иднината не поканува да го погледнеме светот од она што е сега до она што е можно.

Dubai3

Испрати коментар

Scroll To Top