Новиот музеј, инспириран од културата на Кариоките, преку својата архитектура ги претставува и истражува односите помеѓу овој мултимилионски град и на природното окружување.
Овој музеј на иднината се простира на 5.000 м2 кои служат за излагање и претставување на постојани и привремени поставки, како и дополнителни 7.600 квадратни метри плоштад околу зградата и продолжуваат понатаму до пристаниште.
Сепак, централниот дел на овој објект се две маестрални екстензии: една над плоштадот долга 75 метри, а другата над морето долга 45 метри! Овие челични структури личат на огромен брод кој само што не отплови во заливот Гуанабара.
Висината на објектот е ограничена на 18 метри, со цел да се зачува погледот на заливот од манастирот Сао Бенто, кој е под заштита на УНЕСКО.
„Целиот објект е опкружен со базен па објектот изгледа како да плови на вода. Идејата била објектот да изгледа етеричен, како да „лебди“ на водата како брод, птица или растение. Едноставноста во ентериерот, пак, овозможува голема флексибилност и можност за одржување на разни изложби “, изјави архитектот Сантијаго Калатрава.
Зградата е изградена на начин да биде самоодржлива. Водата од заливот се користи за регулирање на температурата на воздухот во музејот, а таа, исто така, се користи за полнење на базенот кој го опкружува.
Музејот е опремен и со фотоволтаични панели, кои можат да го регулираат навлегувањето на сончева светлина во објектот и кои, се разбира, ја генерираат соларната енергија.