Насловна / Архитектура / Музеј на алуминиумот со интересна фасада

Музеј на алуминиумот со интересна фасада

HAS design and research стои зад проектот на новиот Музеј на алуминиумот во Тајланд. Наместо рамна метална надворешност, направена е фасада која се состои од десетина илјади парчиња алуминиум, која никого не остава рамнодушен. Музејот на модерен алуминиум или  MoMa – исто како познатиот музеј во Њујорк, има 400m2 и се наоѓа на периферијата на Бангкок. Тајланд има богата историја на производство на алуминиум, а сеприсутноста на овој метал ширум урбаниот Тајланд е инспирација за дизајнот на фасадата. HAS истакнува дека на крајот на минатиот век, Тајланд бил водечки производител на алуминиум во југоисточна Азија. Разновидната и богата понуда на алуминиумски профили, не само што ги задоволувала домашните потреби, туку и се извезувала и ан прекуморските пазари. Азиската финансиска криза го погодува Тајланд во 1997 година и ја поттикнува индустријата на алуминиум да продава по ниски цени на локалните купувачи. Ова резултирало во мноштво неуредени метални реклами, балконски огради и проширувања во приземјата, кои се дел од уличниот пејсаж на денешен Бангкок.

moma2

moma3

„Процесот на проектирање на MoMa, започнал со проучување на алуминиумските натписи кои вообичаено с егледаат на улиците, а потоа алуминиумот е користен како елемент за поврзување на целата зграда.  Со истражувањео на алуминиумските профили создадена е специфична алуминиумска текстура во тајландската бетонската џунгла“, нагласуваат проектантите. Алуминиумските делови кои ја чинат надворешноста се направени во фабрика, а потоа се транспортирани со камиони на градилиштето и монтирани. Парчињата не се со иста текстура, боја и должина, а поголемиот дел има интегрирано LED осветлување.

moma5

moma6

Испрати коментар

Scroll To Top