Насловна / Архитектура / Музеј меѓу два океана

Музеј меѓу два океана

Во почетокот на октомври се отвори Музејот на биолошки различности во Панама. Проектант на овој објект е Френк Гери.

Во 1999 год. САД го даваат Панамскиот канал на управување на панамските власти. Една од поинтересните слободни површини, ослободена за можна идна градба бил просторот на некогашната авио база, на чие место во 2006 година почнува градба на музејот, која привршува деновиве, а конечно комплетирање се очекува до крајот на 2016 год.174130174134

Симбол на Париз е Ајфеловата кула, на Њујорк -Кипот на слободата, на Сиднеј- Операта итн. Замислата е овој објект да стане симбол на градот и државата Панама.

Разнобојните алуминиумски кровни поршини се инспирирани од светлата и боите на природните убавини на Панама, металните кровови на локалните сиромашни колибарски населби и историските градби низ каналот.

Местоположбата на полуостровот со музејот е со панорамски поглед на градот и тихоокеанското устие на Панамскиот канал.

174133174128174121174145174162174123174155174140174127

Поставката на музејот е дизајнирана од Брус Мај и носи назив „Мост на животот“. Научната страна на проектот го води Вашингтонскиот, Смитсонов институт, а Био музејот е единствен музеј партнер надвор од САД. На површина од 75.000 м2 се изложени експонати на птици, цицачи, билки и што уште не од областа на биологијата, како од Панама така и од блиските простори на Централна и Јужна Америка, па дури и примероци од САД и Канада. Опфатена е временска дистанца од праисторијата па до денешни времиња.174138174119174136174120174164

Испрати коментар

Scroll To Top