Уметничко дело во фоајето на холандски факултет изработено е на многу необичен начин.
Американскиот скулптор Франк Плант, неодамна го заврши својот проект Grow, кој е всушност мурал на ѕидот на Универзитетот во Вагенинген, направен од челик и растенија.
Како основа, Плант користи фотографија на група студенти во една лежерна ситуација.
Уметничкото дело е направено од челик покриен со ситни текстилни влакна кои имитираат зеленило, додека девет од четиринаесетте глави на студентите се претставени со помош на вистински растенија, пишува Contemporist.
Користењето на растенија, текстил, мов, освен што му дава на овој необичен мурал природен изглед, исто така, го симболизира правецот на факултетот, на кој се изчучува агрокултурата.
Користените материјали и името на уметничкото дело Grow го симболизираат како колективниот така и индивидуалниот раст на поединецот, како крајна цел на универзитетот.