По завршување на конкурсот „Земи четка во раце!“ осмислен и наменет за партиципативно сликање мурали на источниот ѕид на Музејот на современа уметност во Загреб, стручна комисија за најдобро го избраа делото „Музеј за сите“ од Агата Лучиќ.
Според зборовите на младата авторката, муралот „Музеј за сите“ е дизајниран со цел да ги повика минувачите да влезат во музејот, кој претставува место за учење, истражување, инспирација и креативност.
Ликовите прикажани на муралот се опкружени со уметнички дела, ги коментираат и проучуваат, заинтригирани се од уметничките артефакти, возбудени и среќни што одат во музејот и новите откритија што ќе ги доживеат на лице место.
Ликовите на муралот ја претставуваат постојана изложба на музејот, некои се референци на одредени движења во современата уметност, додека други се измислени артефакти.
Долж целиот мурал, кој се протега на речиси 100 метри покрај уреденото шеталиште на источната страна на објектот, позадината е обоена во црвено, која со разиграни и весели ликови создава динамичен и енергичен приказ кој ги исполнува целите на авторката и самиот конкурс – отворање на Музејот за широка публика и комуникација и поврзување со жителите на Нов Загреб.
„Инспирација за пријавување на натпреварот беше самиот музеј и неговите посетители. Луѓето на сликата се посетители на музејот, а околу нив се слики, скулптури и инсталации. Идеи црпев од модерната и современата уметност“, вели Агата Лучиќ за „Јутарњи лист“.