Во Гевгелија денеска јавно беше презентиран изменетиот и дополнет дел од урбанистичкиот план за мултинаменски стопански комплекс, кој ќе се гради на потегот од Гевгелија кон граничниот премин „Богородица“, во планскиот период 2014-2024 година.
На површина од 10,8 хектари е планирано да се градат големи трговски единици, хотелски комплекси, комунална и некомпатибилна инфраструктура.
Граѓаните и правните лица од подрачјето опфатено со планот, своите забелешки, предлози и мислења можат да ги достават писмено на анкетни листови кои треба да се достават во Одделението за урбанизам на општина Гевгелија во следните десет дена додека трае спроведувањето на јавната анкета.