Во Уметничката галерија при Музејот од Куманово, во понеделник, 5 јуни, од 20 часот ќе се одржи мултимедијален настан.
На мултимедијалнот настан предвиден е музички/концертен/ перформанс на бендот „Обохтал“ (со Антонио Митевски и Давор Серкиниќ), арт – перформанс „Проба“ на актерот Ивица Димитријевиќ и видео – арт презентација на ликовниот уметник Кристина Божурска под наслов Disguise.
Настанот претставува продолжена соработка на НУ Музеј – Куманово и ЗПРУ „Кибер Панк“ од Куманово.