Со цел да се максимизира просторот и да се искористи секој слободен простор, дизајнерското студио Sabo Project го реновира овој апартман во Париз на млад моден дизајнер.
Како додадок на целиот мултифункционален простор се додадени полици и плакари кои истовремено служат и како скали, а останатиот мебел е распореден на начин кој овозможува поголемо количество на природна светлина во внатрешноста.
Речиси целата опрема е во бела боја, а над неа доминира масивната дрвена конструкција, којашто е оставена видлива.
Во кујната е поставена мини хербална градина, а подот е изработен од 24 ленти од гума, кои се во 14 различни бои и претставуваат контраст на сите останати елементи во апартманот.