Архитектонското студио Elii Architects, поведени од идејата да создадат прстор кој ќе биде мултифункционален и флексибилен, а притоа нема да зафаќа голем простор, го дизајнираа овој стан во Мадрид со површина од само 23,5 метри квадратни. Целиот мебел поставен во просторот е „закачен“ на ѕидовите, односно функционира на собирање и лизгање. Изработен е од дрвени елементи кои може многу лесно да се трансформираат во трепезарија, кревет за спиење или пак работен простор.
Мултифункционалноста во просторот може да се погледне на следново видео: