Yamazaki Kentaro ја дизајнирале оваа минималистичка куќа која содржи повеќе функции. Главниот фокус на ова архитектонско дело е да покаже дека не е потребна прекумерна количина на простор за извршување на секојдневните активности.
Живеалиштето е замислено како контејнер кој одговара на потребите на корисниците, дозволувајќи им да си го приспособат дизајнот кон сопствените потреби. Лоцирана во Masuo, куќата нуди флексибилно и адаптибилно сместување без предвреме дефинирани програми. Има еден централен простор, а околу наго се распоредени останатите простории кои се целосно ориентирани и отворени кон средиштето. Овој храбар гест се рефернцира на традиционалните елементи на креирање на простор.