Насловна / Арт и дизајн / МСУ доби голема донација – дела од Симон Узуновски

МСУ доби голема донација – дела од Симон Узуновски

Музејот на современата уметност – Скопје доби голема донација – збирка од 55 цртежи, колажи и слики, дела од македонскиот уметник Симон Узуновски, која е резултат на донации од неговите синови Никола и Марко Узуновски.

s1

Ова е една од поголемите и позначајни донации за МСУ од периодот на уметноста во седумдесетите и осумдесеттите години.

Минатата година во музеј беше реализирана голема ретроспективна изложба со дела од Узуновски „Пат за Волкодери – Ретроспектива“

s4

Беа изложени повеќе од 100-тина дела, кои вклучуваа објекти, фигурини, колажи, цртежи и асамблажи и апликации изведени со леплива лента или селотејп на стакло или хартија, материјал по кој е најчесто препознатливо делото на Узуновски. Неповторливите, ефемерни инсталации, перформанси и акции со кои Симе инволвираше широк круг пријатели, колеги, познаници и публика во создавањето или изведбата на повеќе негови дела беа претставени со обемна фото документација, која истовремено го прикажа и времето на 70-те години и ентузијазмот и енергијата со кои Узуновски успеваше заразно да ја шири идејата за демократизација на уметноста и нејзиното приближување со манифестациите на секојдневниот живот.

s3

s2

Испрати коментар

Scroll To Top