Планот Мртвото Море да се поврзе со Црвеното Море постои веќе прилично долго време, но досега не е реализиран од повеќе причини, меѓу другото и затоа што Светска банка смета дека проектот не е економски физибилен и го загрозува еколошкиот систем во Мртвото Море. Доводот на вода сепак е неопходен , затоа што инаку на Мртво Море му претстои опасност да пресуши.
Како што е познато се работи за исклучително солен воден басен, кој претставува депресија, односно најниска точка на земјината површина. Нивото на водата годишно паѓа за околу еден метар, затоа што скоро целата вода од најголемата притока реката Јордан се користи на наводнување и други цели. Уште во 1983 година нивото било – 396 метри, а денес е веќе на – 428 метри. Активистите за заштита на живoтната средина се против овој проект. „Ја поздравуваме соработката на израелските и јорданските власти во овој проект“ вели директорот на јорданскиот огранок на организацијатаEcoPeace Middle East (EPME). „ Особено денес кога регионот е погоден од тешка криза, реализацијата на оваа спогодба носи надеж. За жал проектот нема значително да придонесе за спас на Мртвото Море“, додава тој.
Активистите на EPME предлагаат алтернативи, кои, според нивното мислење се подобри. Наједноставното и најдобро решение според нив, е контролирано испуштање на водата од реката Јордан и регулирање на идустријата за минерали. Јорданската влада пак, кон крајот на ноември распишала тендер за изградба на аквадукт, со кој започнува реализацијата на договорот помеѓу Израел, Јордан и палестинските автономни области, постигнат во декември 2013 година.
Солената вода од постројка за десалинизација во Арапскиот залив низ цевковод да се пумпа кон Мртвото море. „ Тврдењето дека работи на решение за проблемот, за нашата влада е само повод да ја избегне нужната промена на политиките – да не дозволува од Јордан да истекува премногу вода, односно да го контролира и редуцира користењето на вода од реките“, нагласува директорот на израелскиот огранок на EPME. „Со доведување на вода од постројката за десалинизација од Акаба до Мртво Море не се решава причината за неговата трагедија. Проектот не е ниту економски ниту еколошки одржлив. Никој не не праша кога донесуваа одлуки“, категорични се од EPME и додаваат дека нема да го поддржат овој проект.