Уредувањето на домовите е резултат на уметничкиот печат кој го дава архитектот на своето дело, но тие најчесто соодвествуваат на инвеститорите што се и корисници на таквиот простор.
Темните и помалку мрачни дизајни на ентериерите не секогаш значи дека се тмурни и депресивни простори, туку напротив, тие можат да бидат интересни дизајни, кои им пружаат доволна количина на опуштеност на сопствениците.
Овој стан кој го презентираме е пример на темен ентериер, кој плени со својот дизајн и стил. Со својот минималистички мебел, иновативни материјали и луксузни детали, овој стан не се обидува да ги следи современите стилски идеи и принципи, туку одејќи против нив успева да создаде иновативен простор, кој истовремено е доволно комфорен, пријатен и топол, и покрај тоа што е темен.
Обработката на ѕидовите потсетува на пештерските ѕидови на архетипската куќа, интерпретирана во модерен простор. Иако со камена текстура, оваа обработка како да зрачи со топлина која потсетува на одблесокот на огнот запален во средината на пештерата. За тоа придонесува и скриеното осветлување кое го преплавува ѕидот од горе.
Дизајнерот во овој стан акцентот го дава на осветлувањето, кое е комплементарно на целиот дизајн и му дава динамика и живост.
Со вметнувањето на вертикалната градина во станот, архитектот му вдахнува на овој простор дел од природата, го освежува и го прави не така затворен и темен.