По повод Денот на планетата Земја – 22 Април, Фондацијата „Конрад Аденауер“, младинската еколошка организација „Гоу Грин“ и Амбасадата на Франција организираат младинска конференција и работилници на тема „Можности за младите во време на климатски промени и енергетска транзиција“.
Во оваа пригода ќе биде промовирана и публикација со истиот наслов.
Конференцијата ќе се одржи на 22 април со почеток во 11.30 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде можат да присуствуваат сите студенти и средношколци на возраст од 15 до 22 години кои се заинтересирани да дознаат повеќе за вработувањето во областа на чиста енергија, и кои сакаат да ги посетат работилниците на конференцијата и да се стекнат со вештини и знаења.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат амбасадорката на Република Франција, Лоренс Ауер, Даниела Поповска од „Конрад Аденауер Штифтунг“, Теодора Грнчароска – Обрадовиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Јулијана Даскалов од „Гоу Грин“ и Сашо Граматиков од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.