Насловна / Архитектура / Можни сценарија за иднината на градот низ видео анимациja

Можни сценарија за иднината на градот низ видео анимациja

66
Jonathan Gales, Paul Nicholls и Kibwe Taveres се запознаваат на постдипломските студии по архитектура, но денес не се занимаваат со архитектура, туку го водат лондонското студио за филм и анимација Factory Fifteen. Иако, главен интерес им се научната фантастика и најновите софтвери за 3D анимации, сепак како водилки во филмот им остануваат урбаното ткиво и архитектурата. Шпекулирајќи за новите технологии и интерактивниот град на иднината, нудат можни сценарија за развојот на футуристичкиот град низ филмот.

Еден таков филм е и “Chupan Chupai”, кој во насловот го носи индиското име на познатата детска универзална игра – криенка. Со помош на специјални ефекти и анимирани локации на гратчиња низ Индија, филмот поприма научно-фантастична сценографија која нема да ве остави рамнодушни. Под претпоставка на економски и технолошки процут на индискиот субконтинент, питорескните улици на индиските гратчиња кријат многу тајни на интерактивниот град.

95
Синопсисот следи група деца кои играат криенка, и во тие моменти на меѓусебно криење и потрага тие всушност ги откриваат можностите на градот, тајните и заборавените катчиња во улиците и органскиот свет како неразделен дел од еден град. Специјалните ефекти и анимации успешно доловуваат една интерактивна симбиоза на можната технологија со градот, а децата низ игра покажуваат можна интеракција на човекот со „паметниот“ град.

85 116

53
Ова научно-фантастично сценарио, не само што претпоставува една развојна линија на градовите во иднината, туку поставува и едно суштествено прашање: каде исчезна детската игра во нашите градови и каков однос кон градот тие би развиле како возрасни личности ако претходно не го запознале градот низ игра!?

26

Испрати коментар

Scroll To Top