Њујоршкиот Oculus веќе влезе во историјата како најскапиот транспортен центар во светот со потрошени четири милијарди долари. Еден добар дел бил, исто така и за славниот архитект Сантјаго Калатрава.
Изградбата на неодамна отворениот транспортен јазол во рамките на „Светскиот трговски центар“, чинела речиси двојно поскапо отколку што е предвидено од страна на буџетот, па дури и повеќе од изградбата на облакодерот во близина.
Проектот може да влезе во аналите и со тоа колку пари се одвоени за работата на архитектот.
Сајтот The Real Deal има интересна илустрација која визуелно ги објаснува ставките како се потрошени четири милијарди долари. Исто така, објаснето е зошто трошоците биле толку зголеми со текот на времето и зошто морало толку многу работи да се менуваат во текот на изградбата.
Според сајтот, било очекувано во овој импресивен објект од јавен карактер да се појави ставка од 355 милиони долари за интеграција на метро-линиите или 32 милиони долари за светларник. Меѓутоа, на листата се нашла и ставка за трошоците на архитектот, која според пишувањето, не е така лесно да се објасни…
Според The Real Deal, вкупните трошоци на проектирање на транспортниот јазол WTC изнесуваат 408,5 милиони, додека делот за трошоци за Сантијаго Калатрава изнесува 80 милиони!
Како што пишува Gizmodo, за толку пари, земајќи ја во предвид инфлацијата, изграден е целиот Grand Central Terminal.
Очигледно во прашање е навистина огромна бројка а имајќи и фактот дека се работи за јавен објект, односно дека се трошат пари од буџетот, се добива впечаток според пишувањата, дека се работи за „неразумно“ висок хонорар.
Што да се каже за големиот Калатрава, освен – секоја чест!