Идејата за уредување на локацијата на фабрика „Треска“ по пат на конкурс беше иницирана по предлогот на Граѓанската иницијатива со барање за распишување на Архитектонско урбанистички конкурс, а доставен до Општина Центар на 17.01.2020 година од предлагачот Даница Павловска, дипл.инж.арх., и поддржан од повеќе професори, архитекти, членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“.
Спроведувањето на конкурс за оваа локација е во согласност со заложбите на Општина Центар за унапредување на урбанистичкото планирање и водење сметка за јавниот интерес.
Конкурс за изработка на идејно решение за локацијата на фабриката Треска (блок 6 во важечка планска документација Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, плански период 2011-2016, со површина 30.69 ха, можете да го превземете тука.
Конкурсот е јавен и анонимен, право на учество имаат сите заинтересирани (физички и/или правни лица) со обврска минимум еден од тимот да е носител на овластување за изработување на урбанистички планови.
Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 01.09.2021 година во 10.00 часот.
Комисија која брои 9 члена ќе ги оценува поднесените проекти врз основа на критериумите за оценување наведени во расписот на конкурсот.
Награди:
прва награда од 260.000,00 денари
втора награда од 150.000,00 денари
трета награда од 100.000,00 денари
три откупи по 30.000,00 денари
Наградите истовремено претставуваат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост.