Насловна / Вести / Може ли со 3D принтери да се печатат тенкови и авиони?

Може ли со 3D принтери да се печатат тенкови и авиони?

Користењето на 3D принтерите за производство на комплексни делови и уреди, во изминатите години се повеќе добива на интензитет. Комплицираните делови, кои беше речиси невозможно да се произведат по класичен пат, денес можат да се направат со релативно малку труд и време, а со падот нa цените на уредите за принтање на тродимензионални предмети слој по слој, нивната застапеност е се поголема.

weapons3

Колку напредувала оваа технологија, зборува и фактот дека во втората половина на март е лансирана првата 3D испечатена ракета на светот, наречена Terran 1, која би требало да носи товар до 1.250 килограми во ниската Земјина орбита. Испринтана е 85% од масата на ракетата, вклучувајќи ги и моторите, а Relativity Space има намера да го зголеми тој удел на 95%. Иако самото тестирање завршило неуспешно, сепак овој обид јасно зборува дека технологијата на 3D печатењето има се помалку ограничувања.

weapons2

Идејата дека е можно да се испечатат тенкови, авиони и балистички ракети, како и друго оружје со помал калибар на самото место каде с евршат воени опрации, звучи тактички примамливо. Но, за жал на воените стратези, такво нешто не е изгледна опција. Иако генерално, се може да се произведе со технологијата на печатење „слој по слој“, сепак сериозен предизвик е оправданоста на таквото производство и квалитетот на материјалите кои се користат. Дотолку повеќе ако станува збор за воената, наменска индустрија, која произведува големи количини на дневна основа, па 3D принтерите не се конкурентни. Друг аспект е дека уредите кои „принтаат“ метали се исклучително скапи. Кога се работи за вселенските програми, ситуацијата е поинаква, бидејќи станува збор за мали серии, а предноста на 3D технологијата доаѓа до израз во изработката на комплексни геометрии, особено мрежести профили. Ова е важна предност со оглед дека помалата масата е еден од клучните фактори кои с ебараат во вселенската индустрија.

3d printing technology, gun

Но, од друга страна, 3D печатените пиштоли веќе се користени за криминални активности на пример во САД, и се идентификувани како  сериозна глобална закана.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top