Насловна / Вести / Може ли масовното садење дрвја да ги успори климатските промени?

Може ли масовното садење дрвја да ги успори климатските промени?

На Земјата во моментот живеат околу 8 милијарди луѓе. Кога секој поединец во следните 20 години би посадил по едно дрво, тоа би значело одприлика 160 милијарди нови стебла, пишува ScienceAlert. Но, дали масовното садење дрвја би можело да ги успори климатските промени? На ова прашање опсежен одговор дава професорката по обновлива екологија на Калифорнискиот Универзитет во Санта Круз, Karen D. Holl.

drvja2

Holl и нејзините соработици сметаат дека садењето дрвја е без сомнение дел од решението за климатските промени, но постојат многу позначајни решенија и потези.  Се проценува дека на Земјата денес има двојно помалку стебла отколку пред 12 000 години, односно на почетокот на човековата цивилизација. Стручњаците велат дека годишно лушето сечат по околу 15 милијарди стебла, и тоа најголем дел во тропските шуми.

drvja1

 

Според тоа, исклучително важна е заштитата на постоечките шуми, вели  Holl. Исто така, дрвјата не би смеело да се садат онаму каде порано ги немало, како на пример на подрачјата на саваните или тревниците, бидејќи таквите екосистеми се карактеристични за тие поднебја. За да се влијае врз успорувањето на климатските промени треба многу повеќе од садењето дрвја. Првенствено мора да се направи вистински премин кон користењето на енергија од обновливи извори. Треба помалку да користиме автомобили и авиони, но и да конзумираме помалку месо, бидејќи месото има многу поголем јаглероден отпечаток од житарките и зеленчукот. Но, исто така важно е ова да го прават сите. Промените се бавни, но со заеднички сили можат да се остварат, заклучува професорката Holl.

 

Испрати коментар

Scroll To Top